општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка





   



Уште во периодот 1958-1960 год. територијата врз која се простира денешниот Јасен била прогласена за резерват. Целта на прогласувањето е заштита на биоценолошките, флористичките, фаунистичките, хидролошките и геолошките природни реткости. Во рамките на заштитните дејности спаѓа и ловството, чија цел е заштита и унапредување на автохтоната ловна и друга фауна. Разнообразноста на релјефните форми и големата висинска разноликост на теренот оневозможуваат јасно диференцирање на екосистемите па поради тоа јасно одредување на живеалиштата на животинските видови. Посебна ловна атракција се дивокозата, дивата свиња, муфлонот, еленот, срндакот, волкот, лисицата и многу други видови дивеч со кои изобилува територијата на Јасен. Во оваа територија изградени се повеќе сместувачки капацитети во кои се организира престојот на гостите. За да се пристигне во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје можат да се користат две сообраќајници и тоа: Скопје - село Матка - Преслап и Скопје - Нова Брезница - Кула.


Низ територијата на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје изградени се околу 35 км шумски патишта и други патеки кои овозможуваат организирање на велосипедизам, планинарење, лов и др. Територијата на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје се простира врз варовнички матичен супстрат па поради тоа Јасен е сиромашен со површинки проточни води. Најголемо водно богатство на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" - Скопје се трите акумулации: Матка, Козјак и Св. Петка кои изобилуваат со животински видови кои населуваат и опстануваат во такви екосистеми. Тоа се: видрата, гугутка, воден ќос, многу други видови птици, потоа голем број видови риби како пастрмка, мрена, попадика, вардарка, боцкалка и др. Распоредот на објектите, стручниот организациски тим, биоценолошките, флористичките, фаунистичките, хидролошките и геолошките услови сублимирани во една компактна целина овозможуваат да се развива планинскиот, ловниот и езерскиот туризам.



Како да го посетите Јасен

вести