општи податоци
сектори
актуелности
бизнис
туризам
документи
територија
транспорт
капацитет
одгледувачници
регистрација
Вашето корисничко име и лозинка за најава на ЛОГИН еmail листата
корисничко
име
лозинка


ВЕСТИ


Термини за еднонасочно движење 28-08-2010 од 6 часот до 11 часот, правец: Нова Брезница – Кула – Близанско Контакт телефон: 02/ 3163 545
23-08-2010

 

Тимот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје ЈАСЕН Ви посакува Добар Ден ...

Термини за еднонасочно движење

28-08-2010 од 6 часот до 11 часот, правец: Нова Брезница – Кула – Близанско

28-08-2010 од 17 часот до 22 часот, правец: Близанско – Кула – Нова Брезница

29-08-2010 од 6 часот до 11 часот, правец: Нова Брезница – Кула – Близанско

29-08-2010 од 17 часот до 22 часот, правец: Близанско – Кула – Нова Брезница

Контакт телефон: 02/ 3163 545

На Скопско Туристичко Лето   Јасен најпосетувана дестинација

Иницијативата за Превенција и Справување од природни и од човек предизвикани несреќи и катастрофи на земјите од Југоисточна Европа (DPPI SEE) спроведува Програма за обука (Ddisaster Management Training Pprogram-DMTP), во која е предвиден Курс за спасување од пештери. Курсот ќе се одржи во периодот од 25.09 – 03.10.2010 година на подрачјето на ЈП Јасен на Кула. Оваа локација е определена од инструкторите од Република Словенија, кои ке го водат курсот и кои оценија дека таа локација е најпогодна за негово спроведување. Се планира на курсот да присуствуваат по два претставника од земјите членки на DPPI SEE и инструктори од Р. Словенја или оклу 30 учесници 


Годинешното истражување на пештерата Врело, покрај Градот Скопје, го помогнаа и Министерството за економија, ЈП Јасен, Мобилниот оператор ОНЕ, ЕЛЕМ, Ремедика, Агенција за заштита и спасување и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија....

Врело е ивонредна пештера која е вистински предизвик за истражување, но, истовремено е комплексна и затоа е потребен подолг период за да може целосно да се истражи, изјави италијанскиот спелеонуркач Луиџи Касати кој стигна до нова рекордна длабочина од 212 м., со што таа стана најдлабока истражена пештера на Балканот. На оваа длабочина се наоѓа голема пространа галерија широка 45 и висока 25 м. Таа завршува на околу пет метри подлабоко каде се појавуваат два нови крака од кои едниот оди хоризонтално, а вториот продолжува во длабочина. Тој е потесен, широк е околу 4 и висок 2 м, но според спелеонуркачите дава простор за нуркање и тој ќе биде цел на истражувањето идната година. Тогаш веројатно ќе се истражуваат и некои други галерии на длабочина од 70 или на 180 м.


ЈАСЕН на 9 јуни 2010 во просториите на АРМ беше награден со  ЗЛАТНА МАСКА, како успешна работна организација која води посебна сметака за зачувување на природните вредности.

На 15 мај 2010 се одржа во Јасен - подружница Катланово неформалната средба на претседателот Ѓорге Иванов со лидерите на поголемите политички партии во Македонија


 
назад
вести